Категорија: Гранични производи
Пакување: 10 вагитории
ГИНЕКС®5 вагиториите се комбинација од хербални екстракти кои ги ублажуваат компликациите поврзани со зголемено и/или неправилно менструално крварење што се манифестира како продолжено или обилно крварење во и вон циклусот и ја регулираат нарушената функција на вагиналната слузница што настанува при овие гинеколошки состојби.
Екстрактот од кантарион и етеричното масло од ајдучка трева имаат адстрингентно и спазмолитично дејство кое надополнето со хемостатските својства на екстрактот од овчарската торбичка доведува до забрзана гранулација и обновување на плочестиот епител што резултира со сопирање на крварењето.
Невеновото масло има противвоспалителен ефект и заедно со екстрактот од кантарион ја поттикнува епителизацијата на вагиналната слузница и го забрзува зараснувањето при површински оштетувања и ранички на слузокожата во гениталната зона. Противвоспалителното и епителизирачкото дејство на невенот и кантарионот се должат на флавоноидите кои го потпомагаат зараснувањето на оштетеното ткиво стимулирајќи зголемено создавање на колаген во слузококожата со што таа побрзо и поефикасно се регенерира и епителизира.
Витаминот Е со своето смирувачко дејство кај воспалена вагинална слузница значително ги намалува симптомите поврзани со вагинална сувост поради промените на слузницата кои не се хормонски условени.
Комбинацијата од растителни компоненти во ГИНЕКС®5 вагиториите претставува одлична комплементарна терапија како надополнување на основната конвенционална терапија.
ГИНЕКС ®5 вагиториите може да помогнат при:
• зголемено менструално крварење (menorrhagia),
• крварења вон циклусот (metrorrhagia),
• зголемена вагинална секреција (leucorrhoea),
• воспаленија на слузокожата на вагината и грлото на матката,
• оштетувања и ранички на слузокожата,
• промена на слузокожата кај жени во менопауза.
Состав: екстракт од кантарион, невеново масло, етерично масло од ајдучка трева, екстракт од овчарска торбичка, витамин Е.