Категорија: Гранични производи
Пакување: 45ml
ГИНЕКС® крем е хербален препарат со антимикотични, антивирусни и антибaктериски карактеристики. Екстрактот од чајно дрво е ефикасен кај габичните инфекции (Candida Albicans). Комплексната комбинација на равенсара, милодух и маточина како антивирусни билки, надополнета со широкото антимикробно дејство на чајното дрво претставува идеална формула во третман на полово преносливите инфекции предизвикани од HPV (Human papilloma virus) и HSV (Herpes simplex virus). Може да се користи во комбинирана терапија со Гинекс вагитории (кај жени).
Покрај антивирусното дејство поседуваат и антимикотично, антибактериско и антипротозоично дејство. Витаминот Е поседува антиоксидантно својство со што ја надополнува ефикасноста на останатите компоненти.
ГИНЕКС® кремот се препорачува при:
• ХПВ инфекции (Human papilloma virus)
• Херпес Симплекс инфекции (Herpes simplex)
• Габични инфекции (Candida Albicans)
• Бактериски инфекции
• Воспаленија на кожа и слузокожа
• Оштетувања и ранички на кожа и слузокожа
Состав: Eтерично масло од равенсара, етерично масло од чајно дрво, етерично масло од хисоп, екстракт од мелиса, витамин Е.