Категорија: Козметика
Пакување: 50 ml
Состав: Чичковото масло содржи екстракт од коренот на билката Arctium lappa во маслиново масло.
Делување: Чичковото масло има антибактериско и антисептично дејство. Помага при себореични промени на кожата на главата. Успешно спречува и отстранува првут, го спречува опаѓањето на косата, го зајакнува влакното, давајќи и сјај, волумен и виталност на косата.
Употреба: Се нанесува на косата и кожата на главата со благо масирање и се остава да стои 1 час. Потоа се мие со благ шампон. Маслото може да се користи и за обликување на косата.
Само за надворешна употреба!