Категорија: Козметика
Пакување: 30 ml
Органско сертифицирано Арганово масло од Мароко.
Се употребува за нега на кожа, коса и нокти.
Кожа: Го спречува стареењето на кожата и појавата на брчки. Длабински ја храни, ја регенерира и обновува. Се нанесуваат неколку капки на кожата со нежно масирање до потполно впивање на маслото. За лице, врат и деколте.
Коса: Се користи за интензивна нега на влакното на косата. Го храни и обновува влакното и го спречува неговото расцветување. Се нанесува на врвовите на влакното, на влажна коса. Во летниот период се користи за заштита на косата од солена вода и сонце.
Нокти: ги храни и зајакнува ноктите и кутикулите (заноктиците). Неколку капки се нанесуваат директно на ноктите и кожата околу.
Само за надворешна употреба!