Категорија: Козметика
Пакување: 50 ml
Состав: Кантарионовото масло содржи екстракт од листови и цветови на кантарион (Hypericum perforatum) во маслиново масло.
Делување:Сложениот состав на кантарионовото масло придонесува за неговото повеќекратно дејство. Фенолните соединенија и фитонцидите, присутни во маслото, имаат изразен антибактериски ефект. Противвоспалителното и епителизирачкото дејство се должи на флавоноидите. Големата содржина на хиперицин ја подобрува прокрвеноста и регенерацијата на кожата.
Употреба: изгореници, црвенила, посекотини, распукана кожа и други рани, хемороиди.
Само за надворешна употреба!