Категорија: Козметика
Пакување : 30ml
Без конзерванси, боја и парфем со природна формулација безбедна за Вас и Вашето бебе.
Доилки: Смирува и негува испукани брадавици. Ја смирува кожата после доење. Делува благотворно и помага за брзо смирување на иритирана брадавица и регијата околу истата, со противвоспалителните својства на природното масло од невен и екстрактот од камилица. Го намалува чувството на болка и непријатност при доење. Комплексот од Shea Butter, витамин Е и невеново масло овозможува интензивна хидратација и епителизација на оштетената кожа и помага во нејзино обновување и регенерација.
Трудници: Во текот на бременоста се употребува за да ја подготви брадавицата за периодот на доење што следува, правејќи ја поотпорна и поеластична.
Начин на употреба: Се нанесува после секое доење и секогаш кога е потребно, на однапред измиена брадавица. Препорачуваме редовна хигиена на брадавицата за оптимална заштита и нега на истата. Само за надворешна употреба.