Категорија: Козметика
Пакување: 125ml
Содржи состојки од природно потекло.
Двојно дејство: спречува појава на стрии и ги намалува и корегира веќе постоечките.
Комплексот од природни состојки ја омекнува и навлажнува кожата, ја подобрува циркулацијата на крвта и помага во регенерација на врзното ткиво.
Природниот екстракт од Готу Кола го нормализира балансот на врзивното ткиво и ја зголемува и зајакнува еластичноста на кожата. Природниот Shea Butter долготрајно ја хидрира кожата. Кожата станува значително помека, со што се губи непријатното чувство на затегнатост и неудобност. Природните масла од невен и маслинка ја хранат и омекнуваат кожата овозможувајќи нејзина поквалитетна регенерација и обновување.
Употреба за време на бременост: Овој тип на континуирана нега, исхрана на кожата и зголемување на нејзината еластичност, превенира формирање на нови стрии за време на бременоста.
Употреба после породување: овозможува комплетна регенерација и обновување на врзивното ткиво, со што се корегираат и намалуваат веќе постоечките стрии после породување.
Начин на употреба: Се нанесува наутро и напладне на засегнатите делови од телото или каде постои можност од појава на стрии: бутови, колкови, стомак, долен предел на грб, странични делови (перничиња). Се нанесува со нежно масирање до потполно впивање на кремот. За да се корегираат и намалат веќе постоечките стрии, кремот секојдневно се нанесува на стриите во период од 2 до 3 месеци. За да се превенира формирање на нови стрии, кремот се употребува во текот на целата бременост и неколку месеци после породувањето. За оптимален резултат препорачуваме редовна употреба на производот. Производот е безбеден за употреба и за време на доење. Само за надворешна употреба.