Категорија: Козметика
Пакување: 7g
Дејство: Херпесан е хербален производ во облик на гел, наменет за примена на кожа и слузокожа, за ублажување на симптомите и зараснување на оштетувањата предизвикани од Herpes simplex вирусни инфекции.
Дејството на Херпесан гел се должи на присуството на цинк сулфат и етеричното масло од ајдучка трева.
Применет локално, цинк сулфатот делува адстрингентно, антисептично, антивирусно и противвоспалително, додека етеричното масло од ајдучка трева делува против воспаление и оток, го поттикнува и засилува дејството на цинк сулфатот.
Состав: Цинк сулфат, етерично масло од ајдучка трева.
Употреба: На кожа и слузокожа. Се нанесува доволна количина на гел на делот на кожата или слузокожата, за да се покрие херпесот, најмалку 3 пати на ден , а по потреба и повеќе пати.