Категорија: Козметика
Пакување: 50 мл
Lea серум за раст на коса
Серумот ја зголемува густината, поттикнува раст, спречува опаѓање на коса и го хидрира скалпот. Го враќа здравјето и виталноста на влакното и му дава здрав и сјаен изглед.
Препорачано за:
• Проблеми со опаѓање на коса;
• Стимулирање на раст на коса;
• Слаба, безживотна сува коса која лесно се кине;
• Третман на првут и проблеми со скалпот;
Начин на употреба:
Протресете го шишето пред употреба.
Нанесете го серумот нежно на скалпот и низ должината на вашата коса.
Масирајте со врвовите на прстите 1-2 минути и оставете да делува неколку часа, а потоа измијте ја косата.
За подобри резултати нанесете пред спиење и оставете да делува преку ноќ.
За максимален ефект се препорачува употреба на серумот 2 до 3 пати неделно во период од 6 месеци.
Категорија: Козметика
Пакување: 180ml
Спреј лосион против опаѓање на косата се употребува за нега и третман кај сите форми на опаѓање на коса, за бавен раст на косaта и за кoса што ја изгубила својата виталност. Со своите состојки ја храни и јакне косaта, ја подобрува циркулацијата во коренот на влакното и го стимулира растот на косaта. Пантенолот е еден од ретките витамини кој преку кожата преминува во коренот на влакното, го забрзува обновувањето на клетките и ја одржува виталноста на влакното. Екстрактот од пиперка (Capsicum onnuum fruit ext.) и ментолот ја подобруваат циркулацијата и снабдувањето со крв на коренот на влакното. Рицинусовото масло е богато со витамини, протеини , масни киселини и антиоксиданси и има антибактериско дејство што помага против појава на првут и инфекции на скалпот.
Начин на употреба: Се нанесува на чиста и сува коса со рамномерно распрскување по коренот на косата и енергично се масира до целосно впивање на лосионот и се остава да дејствува неколку часа. За подобар ефект се препорачува лосионот да се користи навечер пред спиење и во комбинација со РЕВИТИН шампон со екстракт од лук против опаѓање на косaта. Се наесува исклучиво на здрава кожа на скалпот.
Категорија: Козметика
Пакување: 1000ml
За здрава и витална коса полна со живот. Ефективно го спречува опаѓањето на косата. Екстрактот од лук нежно го потхранува и обновува влакното, истовремено штитејќи ја бојата на косата.