Категорија: Козметика
Пакување: 30ml
Хидратантен крем кој обезбедува долготрајна хидратација и ја намалува појавата на фини линии и брчки во деликатната област околу очите. Со хидролизиран колаген - колаген разложен на мали пептиди кои можат да навлезат длабоко во кожата и да ги стимулираат фибробластите да произведуваат нов колаген, еластин и хијалуронска киселина. Витаминот Е, невеново и маслиновото масло длабински ја хранат кожата и му даваат на пределот околу очите здрав и свеж изглед.
За сите типови на кожа.
Категорија: Козметика
Пакување: 50ml
Хидролизиран колаген -колаген разложен на мали пептиди кои можат да навлезат длабоко во кожата и да ги стимулираат фибробластите да произведуваат нов колаген, еластин и хијалуронска киселина. Обезбедува долготрајна хидратација, го спречува создавањето на брчки и ги намалува постоечките.
Невеново масло - има антиинфламаторни својства кои ја забрзуваат епителизацијата на оштетената кожа.
Маслиново масло - богато со антиоксиданти и витамини кои можат да ја подобрат еластичноста на кожата, правејќи ја хидрирана, еластична и цврста.
Витамин Е - висока антиоксидантна активност и заштитен ефект од штетното радиоактивно зрачење.
ПРЕПОРАЧАНО ЗА:
Категорија: Козметика
Пакување: 30ml
Серумот претставува природна алтернатива на ретинол кој го зголемува производството на колаген. Ја подобрува еластичноста, цврстината и текстурата на кожата.
ПРЕПОРАЧАНО ЗА:
намалување на брчките и фините линии;
употреба кај сите типови на кожа, вклучително и чуствителна кожа;
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Протресете го шишето пред употреба! Се нанесува на чисто и суво лице и врат со нежно масирање. Откако ќе се впие серумот, нанесете хидратантна крема од Lea Cosmetics колекција. Серумот е погоден за употреба наутро и навечер.
Категорија: Козметика
Пакување: 120ml
Тонерот го зголемува производството на колаген, ја подобрува еластичноста и влажноста на кожата. Има моќен антиоксидантен ефект, ја обновува и смирува чуствителната кожа.
ПРЕПОРАЧАНО ЗА:
намалување на брчките и фините линии;
хидрирање на кожата;
сите типови на кожа, вклучително и чуствителна кожа;
Употреба: Протресете пред употреба! Се нанесува на чисто и суво лице и врат со нежно тапкање. Откако ќе се впие продолжете со вашата рутина со што ќе нанесете серум, па потоа хидратантен крем од Lea Cosmetics колекција. Погоден за употреба наутро и навечер.
Категорија: Козметика
Пакување: 50ml
Руцинол – делува со спречување на активноста на протеинот тирозиназа, клучниот регулатор на производството на меланин. Намалува појава на пеги, флеки и хиперпигментација на кожата. Ефикасен за осветлување за хиперпигментирана кожа и погоден за третман на мелазма.
Витамин Е – моќен антиоксиданс способен да ги неутрализира вишокот слободни радикали предизвикани од сончевата светлина, како и заштита од фотостареење.
Масло од сладок бадем – богато со масни киселини кои ја негуваат кожата.
ПРЕПОРАЧАНО ЗА:
кожа со проблеми со хиперпигментација: пеги, флеки, старечки дамки и дамки од сонце;
кожа изложенана негативни надворешни влијанија: сончеви зраци и загадување;
Категорија: Козметика
Пакување: 50ml
Масло од aвокадо - богато со омега-3 и омега-6 масни киселини, создава заштитен филм што ја задржува влагата и ја прави кожата еластична и мазна. Со витамини, антиоксиданси и антиинфламаторни соединенија ги смирува иритациите и ја подобрува текстурата.
Хијалуронска киселина (ниска молекуларна тежина) – со исклучителна способност да врзе до 1000 пати повеќе вода од сопствената тежина, длабински ја хидрира кожата и ја остава мека и мазна.
Д-пантенол (провитамин Б5) – смирува, хидрира и ја поддржува природната регенерација на кожата.
Витамин Е – висока антиоксидантна активност и заштитен ефект од штетното радиоактивно зрачење.
ПРЕПОРАЧАНО ЗА:
хидратација и заштита од сонце
јакнење на кожната бариера кај сите типови кожа, вклучувајќи и чувствителна
Категорија: Козметика
Пакување: 50ml
Азиска Центела - ја зголемува хидратацијата на површината на кожата и ја намалува загубата на вода. Штити од оксидативен стрес и ја одржува природната кожна бариера.
Шеа путер - богат со масни киселини и други природни масла кои и даваат на кожата долготрајна влажност.
Д-пантенол - провитамин Б5 познат по своите смирувачки својства. Ја хидрира и регенерира кожата правејќи ја мека и мазна.
Витамин Е -го намалува воспалението на кожата предизвикано од штетните УВ зраци, како и штити од фотостареење.
ПРЕПОРАЧАНО ЗА:
хидрирање на сите типови на кожа вклучително и чувствителна кожа;
Категорија: Козметика
Пакување: 30ml
Серумот содржи хијалурон и екстракти од гоџи бобинки и азиска центела кои ја смируваат и хидрираат кожата. Ja зајакнува функцијата на кожната бариера, ја штити од оксидативен стрес и од други надворешни влијанија.
ПРЕПОРАЧАНО ЗА:
Иритирана и дехидрирана кожа.
Длабинска хидратација на сите типови на кожа, вклучително и чувствителна кожа.
НАЧИН НА УПОТРЕБА: Протресете го шишето пред употреба! Се нанесува на чисто, суво лице и врат со нежно масирање. Откако ќе се впие серумот, нанесете хидратантна крема од Lea Cosmetics колекција. Серумот е погоден за употреба наутро и навечер.
Категорија: Козметика
Пакување: 50ml
Коензимот Q10 (убихинон) - природен антиоксиданс вклучен во производството на енергија. Учествува во неколку процеси во кожата: го зголемува производството на колаген, го забрзува обновувањето на клетките, спречува појава на брчки и фини линии и го одржува природниот заштитен хидролипиден слој.
Гоџи бобинки - суперовошје богато со многу хранливи материи и биоактивни соединенија. Ја подобрува заштитната бариера со намалување на загуба на вода на кожата и ја регулира биосинтезата на колаген.
Витамин Е - го намалува воспалението на кожата предизвикано од штетните УВ зраци, како и штити од фотостареење.
ПРЕПОРАЧАНО ЗА:
Категорија: Козметика
Пакување: 50ml
Бакучиол - природна алтернатива на ретинолот која го зголемува производството на колаген и ја спречува појавата на брчки. Го поттикнува обновувањето на клетките, ја омекнува и измазнува кожата.
Невеново масло –ја подобрува структурата на кожата, го намалува воспалението, ја смирува и регенерира иритираната кожа.
Маслиново масло - со антиоксидантна активност и заштитен ефект од надворешно зрачење.
Алантоин - ја зачувува природната влажност на кожата и ја зајакнува природната бариера. Штити од штетини надворешни фактори и ја прави вашата кожа хидрирана и свежа.
ПРЕПОРАЧАНО ЗА:
• хидрирање и регенерирање на нормална, сува и дехидрирана кожа;
• зголемување на еластичноста на кожата;
• подобрување на текстурата и зајакнување на кожната бариера;
Категорија: Козметика
Пакување: 200ml
Lea лосион за нега и чистење на лице со екстракт од камилица ефикасно ги отстранува нечистотиите и маснотиите од кожата. Ја штити кожата од иритации и оневозможува проширување на црвенилото. Предупредување: да се избегне контакт со очи!
За сите типови на кожа.
Категорија: Козметика
Пакување: 200ml
Lea млеко за нега и чистење на лице со бадемово масло, витамин Е и природен шеа путер, ја отстранува шминката и ја смирува и хидрира кожата. Соодветен за употреба за околу очи!
За сите типови на кожа.