Категорија: Граничен производ
Пакување: 30ml
ВАЛЕ-РЕЛАКС капките претставуваат водено - етанолен екстракт од корен од валеријана. Активните компоненти кои се екстрахирани од коренот имаат благо седативно односно смирувачко дејство со што ја отстрануваат прекумерната возбуденост и стрес, го поттикнуваат заспивањето, ја намалуваат психичката раздразнетост и ја опуштаат мазната мускулатура.
ВАЛЕ-РЕЛАКС капките се користат за:
олеснување на заспивањето
намалување на состојбата на вознемиреност, нервоза и стрес