Категорија: Козметика
Пакување: 45 g
КАНТАРИОН КРЕМ има извонредно смирувачко дејство при благи иритации на кожата, осип и помали изгореници. Содржи масло од кантарион кое има повеќенаменско дејство, со изразен антибиотски, антивоспалителен и епителизирачки ефект. Длабоко ја храни и регенерира сувата и оштетена кожа.
НОВА ФОРМУЛА која е идеална за ревитализација на кожата по изложување на сонце.
Нанесете неколку пати на ден.
Предупредување: Не треба да се нанесува пред изложување на сонце!