Категорија: Додатоци на исхраната
Пакување: 1000 ml
Витамин А + Д3
Додаток на исхраната
Состав: Рибино масло од црн дроб на бакалар
Витаминот А е структурна компонента на очниот пигмент родопсин и допринесува за одржување на нормален вид. Витаминот А придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем и за нормален метаболизам на железото. Витаминот А придонесува и во одржување на нормална состојба на кожата и мукозните мембрани, кои претставуваат механичка бариера при одбраната на организмот.
Витаминот Д допринесува за нормално искористување на калциумот и фосфорот во организмот. Преку оваа функција, витаминот Д допринесува за одржување на нормална функија на мускулите, за правилна минерализација на коските и забите и за одржување на нормална концентрација на калциум во крвта. Витаминот Д е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата. Најчести деформации при недостаток на витаминот Д се рахитис кај децата и остеомалација кај возрасните. И во двата случаи доаѓа до губење на минералите од коските, што резултира со скелетни деформитети.
Употреба: Рибиното масло од црн дроб на бакалар се препорачува како додаток на исхраната за деца во фаза на растење и кај возрасни во случај на недостаток на витамините А и Д во исхраната, особено во пролет и зима.
Начин на употреба: Според приложеното внатрешно упатство за употреба.