Категорија: Гранични производи
Пакување: 10 вагитории
ГИНЕКС®4 вагиториите се комбинација од хербални екстракти кои ги ублажуваат симптомите поврзани со зголемена вагинална секреција при различни гинеколошки воспалителни состојби и ја забрзуваат регенерацијата и епителизацијатa на вагиналната слузница.
Екстрактот од алое има противвоспалително, антибактериско и антимикотично дејство што придонесува да се намали непријатното чувство на пецкање и чешање кое се манифестира при воспалителни процеси на слузницата во вагиналната зона (вагинози, вулвовагинитис, цервицитис и сл.) што не се условени од патогени причинители. Исто така, делува и антивирално кај генитален херпес.
Маслото од невен има противвоспалителен ефект и заедно со екстрактот од алое ја поттикнува епителизацијата на вагиналната слузница и го забрзува зараснувањето при површински оштетувања и ранички на слузокожата. Екстрактот од ехинацеа заедно со екстрактот од алое го стимулира и зајакнува локалниот имунитет што особено придонесува да се зголеми отпорноста кон различни вирусни, бактериски и габични инфекции. Ехинацеата исто така е корисна при хронични вагинални габични инфекции.
Витаминот Е го надополнува екстрактот од алое со своето смирувачко дејство кај воспалената вагинална слузница, значително намалувајќи ги симптомите поврзани со вагинална сувост поради промени на слузницата кои не се хормонски условени.
Комбинацијата од растителни компоненти во ГИНЕКС®4 вагиториите претставува одлична комплементарна терапија како надополнување на основната конвенционална терапија.
ГИНЕКС ®4 вагиториите може да помогнат при:
• зголемена вагинална секреција (leucorrhoea),
• воспаление на слузокожата на вагината и грлото на матката (cervicitis),
• кандидијаза (Candida albicans),
• оштетувања и ранички на слузокожата,
• бактериски инфекции,
• вагинален херпес.
Состав: екстракт од ехинацеа, невеново масло, екстракт од алое, витамин Е.