Категорија: Гранични производи
Пакување: 10 вагитории
Активните состојки во ГИНЕКС® форте вагиториите имаат антивирусно дејство на што се должи ефикасноста при третман на полово преносливите инфекции предизвикани од HPV (Human papilloma virus) и гениталниот HSV (Herpes simplex virus). Покрај антивирусното дејство поседуваат и антимикотично, антибактериско и антипротозоично дејство, како и противвоспалително дејство. Витаминот Е поседува антиоксидантно својство со што ја надополнува ефикасноста на останатите компоненти.
Oваа комбинација од растителни компоненти во Гинекс® форте вагиториите даваат одлична комплементарна терапија на постоечката конвенционална терапија.
ГИНЕКС® форте вагиториите можат да помогнат за локален третман при:
• HPV инфекции со дисплазија на грлото на матката (АSCUS и CIN1),
• Херпес – вирусни инфекции (Herpes simplex),
• вагинална кандидијаза (Candida albicans),
• трихомонијаза (Trichomonas Vaginalis),
• бактериски вагинози.
Состав: Eтерично масло од равенсара, етерично масло од чајно дрво, етерично масло од хисоп, екстракт од мелиса, витамин Е.