Категорија: Козметика
Пакување: 50 ml
Состав: Невеновото масло содржи екстракт од цветови на невен (Calendula officinalis) во маслиново масло.
Делување: Ја штити и негува сувата чувствителна кожа. Невеновото масло има противвоспалително дејство и ја забрзува епителизацијата на оштетената кожа. Содржи биофлавоноиди кои имаат заштитна функција и го спречуваат стареењето на кожата. Се користи надворешно за лекување на кожни промени како чиреви, акни, дерматитис (воспаление на кожата), хемороиди, рани кои тешко зараснуваат, изгореници кои тешко зараснуваат (вклучително и од сонце).
Употреба: Се нанесува во тенок слој на оштетените делови од кожата, 2-3 пати на ден.
Само за надворешна употреба!