Категорија: Козметика
Пакување: 50 ml
Состав: Бадемовото масло се добива со ладно цедење од семето на бадем (Amygdalus communis). Делување: Бадемовото масло го храни и негува влакното на сува и оштетена коса. Косата добива сјај, мекост и се спречува појавата на пукање (расцветување) на влакната. Ја храни и негува сувата и чувствителна кожа на лицето и вратот. Употреба: Се нанесува на коса и се остава да стои 1 час. Потоа се мие со благ шампон. Навечер се мачка и масира кожата на лицето и вратот.
Само за надворешна употреба!
Категорија: Козметика
Пакување: 50 ml
Состав: Кантарионовото масло содржи екстракт од листови и цветови на кантарион (Hypericum perforatum) во маслиново масло.
Делување:Сложениот состав на кантарионовото масло придонесува за неговото повеќекратно дејство. Фенолните соединенија и фитонцидите, присутни во маслото, имаат изразен антибактериски ефект. Противвоспалителното и епителизирачкото дејство се должи на флавоноидите. Големата содржина на хиперицин ја подобрува прокрвеноста и регенерацијата на кожата.
Употреба: изгореници, црвенила, посекотини, распукана кожа и други рани, хемороиди.
Само за надворешна употреба!
Категорија: Козметика
Пакување: 50 ml
Нега на коса: Кокосовото масло е едно од најдобрите масла кое овозможува интензивна нега и заштита на влакното на косата. Длабински ја храни и негува. Со редовна употреба го спречува расцветувањето на влакното. Косата добива сјај и еластичност. Витаминот Е помага при одржување на сјајна и витална коса.
Нега на кожа:Кокосовото масло ја храни и регенерира кожата. Витаминот Е е природен антиоксиданс кој овозможува заштита од предвремено стареење на кожата и ја зголемува нејзината еластичност.
Употреба: Се нанесува на косата и кожата на главата со нежно масирање. Се остава да стои 30 минути. Потоа се измива со шампон.
Само за надворешна употреба!
Категорија: Козметика
Пакување: 50ml
Состав:Се добива со пресување на плодот на маслинка (Olea europea).
Употреба: Маслиновото масло ги негува кожата, косата и ноктите. Се препорачува за хидратација на сува кожа, за заштита на кожата од штетните сончеви зраци, како и за смирување на веќе изгорената и оштетена кожа од сонце. Се нанесува во тенок слој на оштетената кожа. Се препорачува и за третман на лесно кршливи нокти како и за потхранување на сува оштетена коса.
Само за надворешна употреба!
Категорија: Козметика
Пакување: 50 ml
Состав: Невеновото масло содржи екстракт од цветови на невен (Calendula officinalis) во маслиново масло.
Делување: Ја штити и негува сувата чувствителна кожа. Невеновото масло има противвоспалително дејство и ја забрзува епителизацијата на оштетената кожа. Содржи биофлавоноиди кои имаат заштитна функција и го спречуваат стареењето на кожата. Се користи надворешно за лекување на кожни промени како чиреви, акни, дерматитис (воспаление на кожата), хемороиди, рани кои тешко зараснуваат, изгореници кои тешко зараснуваат (вклучително и од сонце).
Употреба: Се нанесува во тенок слој на оштетените делови од кожата, 2-3 пати на ден.
Само за надворешна употреба!
Категорија: Козметика
Пакување: 30 ml
Органско сертифицирано Арганово масло од Мароко.
Се употребува за нега на кожа, коса и нокти.
Кожа: Го спречува стареењето на кожата и појавата на брчки. Длабински ја храни, ја регенерира и обновува. Се нанесуваат неколку капки на кожата со нежно масирање до потполно впивање на маслото. За лице, врат и деколте.
Коса: Се користи за интензивна нега на влакното на косата. Го храни и обновува влакното и го спречува неговото расцветување. Се нанесува на врвовите на влакното, на влажна коса. Во летниот период се користи за заштита на косата од солена вода и сонце.
Нокти: ги храни и зајакнува ноктите и кутикулите (заноктиците). Неколку капки се нанесуваат директно на ноктите и кожата околу.
Само за надворешна употреба!
Категорија: Козметика
Пакување: 50 ml
Состав:Ореовото масло содржи екстракт од листови на орев (Juglans regia) во маслиново масло.
Делување: Ореовото масло го негува вланото на сува и оштетена коса. Косата добива сјај, мекост и се спречува појавата на пукање (цветање) на влакната. Традиционално се користи надворешно при воспалителни процеси на кожата. Помага при себореични промени на кожата на главата.
Употреба: За нега на косата, се нанесува на косата и кожата на главата со благо масирање и се остава да стои 1 час. Потоа се мие со благ шампон. Кожните промени се мачкаат 2-3 пати на ден.
Само за надворешна употреба!
Категорија: Козметика
Пакување: 50 ml
Lea рицинусово масло - 100% чисто, ладно цеденоНега на кожа: Рицинусовото масло ја омекнува, хидрира и негува сувата кожа. Употреба: Се нанесува во тенок слој директно на чиста кожа, со блага масажа.
Нега на коса: Рицинусовото масло длабински ја храни, негува и регенерира сувата и оштетена коса. При редовна употреба го спречува опаѓањето на косата, го зајакнува влакното, давајќи и сјај и волумен на косата.
Употреба: Се нанесува на косата и се остава да стои 1 час, а потоа се мие со шампон.
Нега на веѓи и трепки:Го поттикнува растот на трепките и веѓите и ги прави погусти. Со редовна употреба рицинусовото масло ќе ги направи вашите веѓи и трепки посјајни и позабележителни. Употреба: Премачкаjте ги трепките или веѓите со неколку капки од маслото.
Само за надворешна употреба!
Категорија: Козметика
Пакување: 50 ml
Состав:Чичковото масло содржи екстракт од коренот на билката Arctium lappa во маслиново масло.
Делување:Чичковото масло има антибактериско и антисептично дејство. Помага при себореични промени на кожата на главата. Успешно спречува и отстранува првут, го спречува опаѓањето на косата, го зајакнува влакното, давајќи и сјај, волумен и виталност на косата.
Употреба: Се нанесува на косата и кожата на главата со благо масирање и се остава да стои 1 час. Потоа се мие со благ шампон. Маслото може да се користи и за обликување на косата.
Само за надворешна употреба!