Категорија: Козметика
Пакување: 125ml
Содржи состојки од природно потекло.
Двојно дејство: спречува појава на стрии и ги намалува и корегира веќе постоечките.
Комплексот од природни состојки ја омекнува и навлажнува кожата, ја подобрува циркулацијата на крвта и помага во регенерација на врзното ткиво.
Природниот екстракт од Готу Кола го нормализира балансот на врзивното ткиво и ја зголемува и зајакнува еластичноста на кожата. Природниот Shea Butter долготрајно ја хидрира кожата. Кожата станува значително помека, со што се губи непријатното чувство на затегнатост и неудобност. Природните масла од невен и маслинка ја хранат и омекнуваат кожата овозможувајќи нејзина поквалитетна регенерација и обновување.
Употреба за време на бременост: Овој тип на континуирана нега, исхрана на кожата и зголемување на нејзината еластичност, превенира формирање на нови стрии за време на бременоста.
Употреба после породување: овозможува комплетна регенерација и обновување на врзивното ткиво, со што се корегираат и намалуваат веќе постоечките стрии после породување.
Начин на употреба: Се нанесува наутро и напладне на засегнатите делови од телото или каде постои можност од појава на стрии: бутови, колкови, стомак, долен предел на грб, странични делови (перничиња). Се нанесува со нежно масирање до потполно впивање на кремот. За да се корегираат и намалат веќе постоечките стрии, кремот секојдневно се нанесува на стриите во период од 2 до 3 месеци. За да се превенира формирање на нови стрии, кремот се употребува во текот на целата бременост и неколку месеци после породувањето. За оптимален резултат препорачуваме редовна употреба на производот. Производот е безбеден за употреба и за време на доење. Само за надворешна употреба.
Категорија: Козметика
Пакување: 30 ml
Природен ланолин за секојдневна нега на чувствителни брадавици кај доилки
Содржи 100%природен ланолин без конзерванси, боја и парфем.
Овозможува оптимална заштита на брадавицата за време на доење.
Со редовна употреба, го спречува распукувањето на брадавицата, правејќи ја мека и еластична.
Не мора да се отстранува пред доење.
Начин на употреба:Се нанесува повеќепати во текот на денот на однапред измиена брадавица.
Пред доење, се нанесува во тенок слој до потполно впивање, за да омекне брадавицата. Само за надворешна употреба.
Производот не штети на вашето бебе.
Препорачуваме редовна хигиена на брадавицата.
Пред употреба, затоплете ја тубата меѓу вашите дланки.
Категорија: Козметика
Пакување : 30ml
Без конзерванси, боја и парфем со природна формулација безбедна за Вас и Вашето бебе.
Доилки:Смирува и негува испукани брадавици. Ја смирува кожата после доење. Делува благотворно и помага за брзо смирување на иритирана брадавица и регијата околу истата, со противвоспалителните својства на природното масло од невен и екстрактот од камилица. Го намалува чувството на болка и непријатност при доење. Комплексот од Shea Butter, витамин Е и невеново масло овозможува интензивна хидратација и епителизација на оштетената кожа и помага во нејзино обновување и регенерација.
Трудници: Во текот на бременоста се употребува за да ја подготви брадавицата за периодот на доење што следува, правејќи ја поотпорна и поеластична.
Начин на употреба: Се нанесува после секое доење и секогаш кога е потребно, на однапред измиена брадавица. Препорачуваме редовна хигиена на брадавицата за оптимална заштита и нега на истата. Само за надворешна употреба.