Пакување: 100ml
Се користи за третман на шуга и вошки.
Состав: 25% бензил-бензоат
Употреба при шуга: се нанесува со вата на цело тело, од скалпот до стапалата на нозете и се остава 10 минути да се исуши. Облеката и постелнината треба да се исперат. Се применува еднаш дневно во текот на ноќта два последователни дена. Ако е потребно се повторува третманот 3 дена подоцна. Сите членови на домаќинството треба да се третираат истовремено.
Употреба при појава на вошки: се нанесува на погодената област и се остава 24 часа пред да се измие. Ако е потребно, третманот може да се повтори по 7 и 14 дена.
Само за надворешна употреба!