Категорија: Гранични производи
Пакување: 35g
ХЕМОРОЛ маст претставува комбинација од неколку растителни екстракти, цинк оксид и бизмут субгалат. Активните компоненти делуваат синергистички и ги ублажуваат симптомите поврзани со хемороиди, како што се: воспаление, крварење, анален јадеж и анален егзем. Растителните екстракти ја подобруваат микроциркулацијата, го подобруваат капиларниот проток и тонусот на крвните садови и го зајакнуваат сврзното ткиво на периваскуларниот аморфен супстрат. Делуваат антиоксидантно, антиинфламаторно и антиедематозно. Цинк оксидот и бизмут субгалатот делуваат астрингетно.
Со редовна употреба на ХЕМОРОЛ маст се намалува отокот, воспалението, локалното влажнење и крварење на хемороидите.
ХЕМОРОЛ маст се користи при:
– надворешни хемороиди,
– анален јадеж,
– анален егзем.
Состав: екстракт од див костен, екстракт од дива шимширка, екстракт од готу кола.