Категорија: Гранични производи
Пакување: 100ml
Ивилен сируп содржи активни растителни компоненти кои со своето синергистичко дејство поволно делуваат кај заболувања на белите дробови и бронхијалните патишта.
Дадената комбинација од растителни компоненти помага во олеснување на проблемите со кашлица и излачување на слузта.
Ивилен сируп се користи при: Ублажување на акутни катари (инфламации) на респираторниот тракт, придружени со кашлица и симптоматски третман на хронични инфламаторни бронхијални заболувања.
Начин на употреба: Според приложеното внатрешно упатство за употреба.