Категорија: Гранични производи
Пакување: 100ml
АЛТЕА СИРУП содржи растителнa компонентa коja содржи слузи кои поволно делуваат на слузницата на горните дишни патишта. Слузните материи, односно полисахаридните компоненти имаат својство да ја врзуваат водата, да бабрат и образуваат вискозен слој кој ја обложува слузницата, делувајки емолиентно и заштитно. На таков начин слузите поволно делуваат на смирување на кашлицата.
АЛТЕА СИРУП се користи при:
• Ублажување на симптомите на акутните и хроничните воспалителни процеси на горните дишни патишта кои се пропратени со сува, надразнителна и непродуктивна кашлица.
• Симптоматски третман кај орално-фарингеална иритација пропратена со сува кашлица
Начин на употреба: Според приложеното внатрешно упатство за употреба.