Категорија: Гранични производи
Пакување: 100ml
ТИМИ сируп содржи тинктура од тимијан која се одликува со спазмолитично, антивирусно, експекторантно и секретомоторно дејство. Поволно делува на ублажување и смирување на кашлицата, го олеснува искашлувањето и го разводнува жилавиот секрет во дишните патишта. Со своето благо антибактериско и антифунгално дејство поволно делува кај инфекциите на горните дишни патишта.
ТИМИ сируп се користи како експекторанс при настинки и при воспаленија на горни дишни патишта.
Состав: тинктура од тимијан и мед
Начин на употреба: Според приложеното внатрешно упатство за употреба.