Категорија: Гранични производи
Пакување: 100ml
ЕХИНАВИТ Ц сирупот е наменет за подобрување на имунитетот. Echinacea purpurea е лековита билка која содржи ехинакозиди, флавоноиди, полисахариди, масни киселини, гликопротеини. Основното дејство што го даваат составните компоненти е стимулирање на имунитетот на организмот, со што се овозможува одбрана од вируси и инфекции.
Витаминот Ц ги врзува слободните радикали во организмот и дејствува како антиоксиданс. Во комбинација со ехинацеата делува синергистички на зголемување на имунитетот на организмот.
Екстрактот од тимијан дејствува како експекторанс и бронхоспазмолитик. Ова негово дејство се должи на содржината на етерично масло , чиј најголем дел се екскретира преку белите дробови. При неговото поминување низ белите дробови, се стимулира секреција на слуз и се олеснува искашлувањето. Освен тоа поседува и антисептично дејство.
Алтеата при сува кашлица ја омекнува слузницата и овозможува полесно искашлување на секретот.
ЕХИНАВИТ Ц сируп се користи при:
– Подобрување на имунитетот на организмот,
– При постоење на почетни знаци на настинка и грип,
– При чести настинки,
– Ублажување на кашлица во состојба на воспалениja и иритација на слузокожата на дишните патишта,
– Општа малаксаност на организмот.
Начин на употреба: Според приложеното внатрешно упатство за употреба.